Се обложуваме дека готвите погрешно шпагети, брокула и стек

Споменатите јадења се веројатно оние што ги подготвуваме најчесто, но ги правиме на погрешен начин.

Грешката кај шпагетите: ги ставаме директно во тенџерето, во иста насока

Кога станува збор за подготовка на тестенини, сите ги знаеме основните правила: обилно количество вода, сол и често мешање. Каде е грешката? Ако не сакате да ги правите на погрешен начин, значи треба да ги земете со две раце и да ги додадете како на сликата. Така, тие нема да се лепат, додека се варат.

1(446)

Грешката кај стекот: не го сечеме, за да провериме дали е готов

Сме слушнале бројни правилни и погрешни начини за подготовка на стек, што не е изненадувачки, имајќи ги предвид сите фактори кои учествуваат – од дебелината на месото, видот на тавата до методот на готвење. Но, постои едно нешто што повеќето од нас веројатно не го прават за да препознаат кога еден стек е подготвен – направете дупчиња. Нема никаква вистина во теоријата дека ако го пресечете месото, неговите сокови ќе истечат и ќе стане суво.

2(426)

Грешката кај брокулите: Ги вариме

Сметаме дека варениот зеленчук се брза, здрава и вкусна опција за вечера. Според диетолозите сепак брокулите, карфиолот или зелката не се најдобри кога се варени. Во врела вода тие се разградуваат побрзо и поагресивно од другите методи на готвење, како печење и пржење. Наместо тоа исечете го зеленчукот на мали парчиња, зачинете го со маслиново масло и сол и ставете го директно врз хартија за печење во топла рерна. Не е потребно подолго време за готвење, а вкусот е подобар.

3(409)

- Реклама -