Дечкото на пејачката – Раша Ноцаковиќ, пред две недели ја запросил Гоца, која се согласила да се омажи, пишува Блиц.
Попо ѕвездата Гоца Тржан наскоро ќе рипне во тавче по втор пат. Како што пренесува весникот, нејзиниот четиринаесет години помлад дечко со кој е во врска веќе две години, пред две недели и ја побарал раката.
Наводно, извор за Блиц рекол дека пејачката во последно време го интензивирала контактот со поранешниот дечко, па тоа било сигнал за Раша да се одлучи на голем чекор.
– Гоца и Раша се во стабилна врска, која кога -тогаш ќе резултираше со брак. Тие живеат како да се во брак, а Гоца не смета дека венчалниот лист менува нешто, па не ни видела дека има потреба да ја официјализира врската. Поради тоа неговата просидба за неа е изненадување, но сепак воодушевено се согласи да се омажи за него. Датумот на венчавката се уште не е потврден, но извесно е дека ќе се случи во текот на следната година, вели соговорникот.
На Раша ова ќе му биде прв брак, а на Гоца втор. Таа во 2007. година се омажи за Иван Маринковиќ, кој не и беше познат на јавноста. Тие се разведоа во 2011 година, а нивниот развод предизвика огромно интересирање кај медиумите и јавноста.
Кога од весникот се јавиле кај Гоца за да ги потврди информациите таа расположено рекла:
– Симпатични ми се вашите сознанија, но тоа не би го коментирала, со насмевка искоментирала пејачката.
Вистинската љубов не брои години…