Ерик Финмен пред 3 години се кладел со своите родители дека доколку до својата 18-та година стане милионер, нема да го тераат да оди на факултет. Тој откако ставил кладба веднаш се отпишал од училиштето и почнал да учи од дома.
– Ја добив кладбата од милион долари . Благодарен сум на сите. – објавил Ерик.
Ерик го мразел училиштето одсекогаш, а се започнало во 2011 година кога неговата баба му поклонила 1000$. Тогаш Ерик решил тие пари да ги инвестира во Биткоини, а препораката ја добил од неговиот брат Скот.
– Јас не бев за во училиште. Играв игрици и мојот живот беше просечен во тој момент. Колку и да пробував, немав успех. Добивав 2ки и 3ки и бев уплашен, бидејќи наставниците го гледаа мојот неуспех како нешто многу лошо. Еден од професорите ми рече дека никогаш нема да бидам успешен и дека треба да го напуштам школото и да се вработам во Мекдоналдс. – додал Ерик во интервјуто.
Ерик својот прв биткоин го уновчил во 2013 година , кога вредноста на биткоинот беше околу 1200 долари и со самото тоа си го вратил влогот. Од тие пари тој оформил интернет компанија “Botangl” која што им помагала на фрустрираните ученици да најдат професор преку интернет. Веднаш потоа инвестирал во старт-ап компании од силиконската долина и се преселил во Сан Франциско.
Ерик моментално има 403 биткоини, а работи и со НАСА на лансирање на ракети во вселената изјавиле од NBC.
Тој сеуште стои на ставот дека училиштето е губење време за џабе.