Се бара: Црнец!

Dominion Post, весник од Западна Вирџинија, објави оглас во обид да му помогне на локалниот шериф во Моргантаун. Во огласот, бараниот криминалец е опишан единствено како „црн“, а криминалното дело единствено како „сомнителна активност“.

BdybqzdIUAAC0bA[1]

Ако случајно помисливте дека можеби сите во Вирџинија се белци и дека описот е доволен, погрешивте.

Во меѓувреме, интернет сеирџиите ги советуваат црнците во Западна Вирџинија да останат дома и да бидат внимателни во користењето на својата „црност“, иако Dominion Post набрзо објави исправка на текстот и се правдаше дека грешката настанала при едитирањето на текстот. Сеедно, зарем некој ги чита овие исправки?

- Реклама -