Утрово, во студентска герила-акција, во дворот на Универзитетот св. „Кирил и Методиј“, биле поставени фотографии кои повикуваат на разрешување на професорката Билјана Ванковска поради „ширење oмpaза“ во нејзиниот Фејсбук коментар по повод несреќата кај Ласкарци.
„Оставка“ и „Отказ“, пишува под фотографиите поставени од Албанскиот младински форум, објави „ЦИВИЛ“. Оттаму коментарот и однесувањето на Ванковска го сметаат за нехумано и неприфатливо, и бараат надлежните институции да преземат казнени мерки и разрешување. Притоа, Форумот нуди секаков вид на поддршка за случајот да биде истеран до крај, се вели во соопштението.
„Каква трагедија и иронија: Карпалак!“, напиша Ванковска (во меѓувреме е избришан), по што беше остро нападната на друштвените мрежи и во јавноста. МВР и ОЈО соопштија дека ќе истражуваат дали во нејзиниот коментар има елементи на говор на омраза. Досега се покренати пет постапки.
Во меѓувреме Ванковска се пожали на закани и се обиде да објасни (тука, тука и тука) дека нејзиниот статус бил погрешно разбран. Се чини, безуспешно.
ДОПОЛНЕТО: Според неофицијални извори на ТВ 24, една од постапките е против Ванковска.