Се бара притвор за трите осомничени лица за убиството во Гостивар – мотив биле несогласувања и конфликти

Триесет и петгодишник (Р. К.) од гостиварско Дебреше вчера почина по нанесени повреди откако за време на престрелка во него било пукано со автоматско оружје, иформираше Министерството за внатрепни работи

За трите приведени лица во врска со вчерашното убиство во Гостивар поднесен е предлог до надлежниот суд за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа со цел за обезбедување на одредени докази, информираат од Обвинителството.

„По истекот на тој законски рок, Обвинителството ќе извести за истражната постапка и новите мерки за обезбедување што ќе бидат предложени“,

велат од Обвинителството.

Според првичните сознанија, како што соопшти Обвинителството, мотив за убиството се подолготрајни несогласувања и конфликти меѓу сторителите и жртвата.

Триесет и петгодишник (Р. К.) од гостиварско Дебреше вчера почина по нанесени повреди откако за време на престрелка во него било пукано со автоматско оружје, иформираше Министерството за внатрепни работи.

За инцидентот се осомничени две лица – браќата Ј. В. и Б. В. од истото село кои биле во автомобил „волво“ со швајцарски регистарски ознаки.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера информираше дека полицијата го расчисти убиството што се случи во гостиварско Дебреше, во кое беше застрелан 35-годишник, како и дека се приведени три лица.

„Веднаш по добиената пријава дека е пукано врз Р. К. (35) од Дебреше воспоставена е оперативна акција ‘обрач’ за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите. По кратко време, сторителите се лишени од слобода и тоа Б. В.(28), Ј. В. (31) и Љ. В. (32)“,

информираа од МВР.

Полицијата ја пронашла и автоматската пушка од која е пукано, како и возилото „волво“ со кое осомничените сторители се оддалечиле од местото. По документирање на случајот, како што додаваат од Министерството, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство.

- Реклама -