СДСМ да си оди, ВМРО да не се врати

Наместо в затвор, Мијалков е средно богат бизнисмен, наместо во Идризово на петнаесет години, Крсто го одлежал своето, а никој не виде каде тоа лежел и наместо во адвокати (бидејки сето ѓубре го собираме), судиите кримоси и партиски потрчковци сѐ уште се во тоги!

Јанаки МИТРОВСКИ

Бидна и тоа чудо, парламентот се распушти. Формално наречен парламент, бидејки таа зграда и пратениците во неа одамна не ги извршуваат функциите што им се дадени според Уставот, а кои и малите деца ги знаат – да бидат контролор, а не слуги на извршната власт. За жал, кај нас пратениците се сведени на проста бројка и стискачи на зелени копчиња. Како поинаку да го сфатиме Влатко Ѓорчев, кој во 2016 гласа да се дозволи медицински канабис и извоз на масло, а во 2019 од опозиција, тврди дека тоа е опасен закон!

Секоја власт по дефиниција е „лоша“ и авторитативна, затоа е власт. Но, оваа мала државичка не дишела ни пет минути воздух без да не демнат неспособни и дебело корумпирани политички свити. Главно, нереализирани луѓе умислени дека вредат повеќе од вас бидејќи ги бива за бакнување задници. Земете ги за пример двете најголеми партии – ајде да речеме претседателите се реализирани, Заев бил бизнисмен, Мицкоски професор, но прочепкајте малку од високите раководства и нема ниту на една рака да изброите способни и успешни луѓе, кои не должат СÈ на партијата!

Целиот текст прочитајте го на Фокус

- Реклама -