СДСМ со ширум отворени раце го дочека гафот на дополнителната заменичка министерка во Министерството за информатичко општество и администрација од редовите на ВМРО-ДПМНЕ – Невенка Стаменковска Стојковски. На вториот ден откако беше поставена на оваа позиција, Стаменковска, читајќи соопштение за пренатрупаната администрација, наместо „гломазна“ ја нарече „гламурозна“.
Во видео спот, СДСМ „објасни“ што мислела Стојковски со терминот и како се однесува „гламурозна администрација“:
Има ли некој писмен во ДПМНЕ? Каде ја најдовте оваа беда за заменик министер за информатичко општество? Ова ли е обновата? Каква е таа “гламурозна” администрација 😂😂?#неписмени pic.twitter.com/x25fFr3muK
— Криминалите на ВМРО ДПМНЕ (@Kriminal_DPMNE) January 5, 2020