„На денешните протести на опозицијата организирани во одбрана на терористичкото загрозување на уставниот поредок со насилствата на 27 април, 2017 година, лидерот на ВМРО ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, и пратеникот Александар Николоски, се фотографираа под транспарент кој повикува на слобода за Игор Југ, еден од осудените на затвор за упадот во парламентот.
Игор Југ е човекот кој носел оружје за време на инцидентите, па лесно можел некој да настрада. Дополнително, за него Јавното обвинителство имаше обезбедено материјални докази за учевство во насилството и обидот за ликвидација на пратеници. Неговата пресуда од 11 години беше потврдена и од Апелацискиот суд“, посочуваат од СДСМ.
Според нив, со денешното изразување солидарност со Игор Југ, раководството на ВМРО-ДПМНЕ испраќа порака дека го штити криминалот и застанува во одбрана на насилството, на загрозувањето на уставниот поредок, на државноста и на животот на пратниците и новинарите.
„ВМРО ДПМНЕ никогаш не се огради од насилствата во парламентот, напротив, постојано застанува на страната на осудените, со што ја загрозува правната држава и дејствува против независноста на правосудниот систем. Со протестите Мицкоски уште еднаш потврди дека ги следи наредбите на Никола Груевски, кој е обвинет за организирање на насилството од 27 април“, обвинуваат од владејачката партија.