Според досегашната вообичаена пракса, во случај на отсуство на директорите на јавните претпријатија, одлуките во претпријатијата ги носеа вработени назначени од самите директори. Меѓутоа, со новите законски измени предложени од пратеници од владејачкото мнозинство, секое јавно претпријатие ќе добие свој заменик-директор кој ќе го менува директорот во случај на отсуство.
Потпишани на предлогот за измени на Законот за јавни претпријатија се пратениците Реџаил Исмаили од ДУИ и Александар Кирацовски и Благојче Трпевски од СДСМ.
Се поставува прашањето дали целта на ова законско решение е во сите јавни претпријатија каде има директори од СДСМ, замениците да бидат од ДУИ и обратно, со оглед на тоа што замениците, како и директорите, се поставуваат по договор на партиите, пишува Фокус.мк.