СДСМ и ДУИ: Обезбедено е двотретинско мнозинство

Обезбедено е двотретинско мнозинство од 80 пратеници потребно за иницијативата на владата за уставни измени согласно Договорот од Преспа, велат неофицијално од владејачките СДСМ и ДУИ.

„Генерално, имаме обезбедено двотретинско мнозинство, но ништо не е сигурно додека не се потврди на гласање“, изјавил за Фокус пратеник и висок партиски функционер на СДСМ.

Од ДУИ потврдуваат дека начелно е обезбедено двотретинското мнозинство, но на самата граница на потребниот минимум.

„Осумдесет пратеници се сигурни, ако нешто непредвидено не се случи во меѓувреме“, соопштил пратеник на ДУИ, додека пратеник од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека засега нема индикации дека некој од неговата пратеничка група ќе го поддржи отварањето на Уставот.

Извор: Фокус

 

- Реклама -