„СДК“: Пратениците ги оставија Рускоска и Кацарска да си ги валкаат рацете со амнестијата

Пратениците го усогласија законот за амнестија, ама валканата работа им ја препуштија на обвинителката Вилма Рускоска и судијката Добрила Кацарска, кои при незавршен судски процес ќе бидат принудени да одобруваат или да не одобруваат амнестија на секој од 33-цата обвинети за „крвавиот четврток“, констатира порталот САКАМДАКАЖАМ.мк.

Во одлуките Кацарска и Рускоска ќе мораат да се водат само според решението во законот за тоа кој не смее да добие амнестија, а тоа се:

  • организаторите и подготвувачите на нападот на Собранието за кои има основани сомневања
  • лицата кои извршиле физичко насилство
  • лицата под фантомки
  • лица кои носеле оружје и експлозивни материи
  • службени лица кои ги пречекориле своите овластувања

Исто така, барањата обвинетите ќе може да ги поднесат во рок од 5 дена по носењето на законот.

Фросина Ременски – која е копретседавачката на собраниското тело за помирување, ја смета констатацијата на САКАМДАКАЖАМ.МК (дека ова е префрлање на топката) за „само личен новинарски став“.

Ова се само дел од спорните елементи на вака замисленото помирување. Порталот поставил и неколку други важни прашања, но без задоволителен одговор. Прочитајте на СДК.мк.

 

- Реклама -