СДК: „Ако Уставниот суд утре ги застари случаите на СЈО, заборавете на ЕУ“, велат дипломатски извори

Ако Уставниот суд на утрешната седница го поништи ставот 5 од членот 353 од Кривичниот законик ( кој предвидува минимум 5 години затвор за министрите и други високи функционери кои потпишале незаконски јавни набавки со кои значително го оштетиле државниот буџет), ќе застарат сите предистраги, истраги, обвиненија на СЈО, но и пресудени случаи од организиран криминал од 2004 година наваму, откога почнал да се применува ставот 5, објави „САКАМДАКАЖАМ.мк“.

Таква одлука ќе значи крај на надежите за членство на Македонија во ЕУ, порачуваат претставници на земјите членки, кои будно го следат судството и судењата на најголемите корупциски случаи кои пред 4 години ги отвори СЈО, пишува порталот.

Конечното одлучување се случува по дури 8 месеци од одржувањето на расправата. Со иницијативата се бара ставот 5 веќе да не постои. Неговото поништување би значело дека важат предвидените пократки затворски казни (од 6 месеци до 3 години) според ставот 1 од истиот член. Поради пократките затворски казни, пак, тоа ќе повлече и да се пресметуваат други, пократки рокови за застареност. Оттаму, повеќето од отворените истраги и почнатите судски процеси за ваков тип на кривични дела ќе застарат и ќе се прекинат, пишува СДК. Повеќе ТУКА

 

- Реклама -