Нема кој не сака баклава. За уште поубав вкус направете ја со чоколадо.
Состојки:
1 кг кори, 250 гр мелени ореви, 100 гр сецкани ореви, 200 гр млечна чоколада, 50 гр чоколада за готвење (за глазурата), 3 лажици шеќер, 3 лажици гриз, 200 мл. зејтин, 100 мл. кисела вода, 125 гр. маргарин
За шербет: 1 кг шеќер, 750 мл вода, сок од пола лимон
Подготовка:
Во тенџере на оган ставете ги киселата вода и маслото да зовријат. Кога ќе биде готово оставете да се олади. Во меѓувреме, измешајте ги мелените ореви, сецканите ореви, ренданата чоколада и гризот.
Подгответе го шербетот и оставете го да се олади.
Земете две кори и попрскајте ги со смесата од зејтинот и киселата вода. Одозгора ставете ја смесата со оревите и гризот. Растопете го маргаринот и прелијте врз корите. Печете на 200 степени околу 20тина минути. Баклавата може да ја свиткате во ролат или да редите кора врз кора.
Топлата баклава прелијте ја со изладениот шербет, а кога ќе излади со топена чоколада (100гр чоколада, малку шеќер и малку маргарин).
Добар апетит!