Саудиска реклама за монтажен базен. Не ви е малце чудна?

Постирана на Твитер од компанијата SACO на нивната официјална страна, рекламата излезе прилично поразлична од оригиналната. Под „прилично“ мислиме на „страшно многу поразлична“.

На сликата има монтажен мини-базен, и нормално, среќно семејство што се разладува во истиот. Арно ама, на саудиската верзија, наместо жената, има топка на надувување.

Но тоа не е сé! Ако не забележавте (а веројатно нешто ви падна чудно), сите деца, заедно со сé таткото, се „облечени“ (во лош Фотошоп или во Paint, не сме сигурни). Дури и лицата им се цензурирани (со пикселиран блур).

А еве ја сликата од оригиналната реклама:

На Твитер и другите социјални мрежи се чудат. Ама некои потсетија дека не е прв пат. Имено, некаде во 2012-та, во еден свој каталог наменет за саудискиот пазар Ikea ги отстрани сите жени (после се извини).

Саудиска Арабија има строги правила за пристојност, а за жените е задолжително да носат хиџаб или абаја кога излегуваат од дома. Лани на пример, саудиската полиција уапси млада жена откако добила поплаки дека ја тргнала абајата на главна улица во главниот град Ријад.

Инаку, за потсетување, од следната година Саудиска Арабија ќе раководи со Комисијата за женски права на Обединетите Нации.

Oh, the irony…

- Реклама -