Саудиска Арабија најпосле дозволи жени на Олимпијада

Саудиска Арабија ќе испрати жени на Олимписките игри во Лондон ова лето, што ќе биде прв пат спортистки од оваа земја да бидат дел од најголемата светска спортска смотра.

Меѓународниот Олимписки Комитет го потврди последното соопштение дека две Саудијки ќе се натпреваруваат во џудо и во атлетика, и тоа Воџан Абдулрахим Шархани во џудо и Сара Атар која ќе се натпреварува на трката на 800 метри во атлетика.

Оваа земја од Персискиот залив исто така прв пат ќе има жена и во администрацијата на Игрите. Претседателот на ИОК, Жак Рог истакна дека ова се посебно позитивни вести затоа што сега секоја земја ќе има жени во својата делегација во Лондон.

Конзервативното муслиманско кралство се наоѓаше под постојан притисок на Меѓународниот Олимписки Комитет и групата за човекови права да прекине со праксата на Игрите да испраќа само мажи.

Во Лондон ќе се натпреваруваат и спортистки од Катар и Брунеите, единствените две останати земји заедно со Саудиска Арабија кои исто така досега немаа жени на Олимписките игри.

- Реклама -