Правењето Снешко е универзален израз на човековата радост кон снегот и момент на уживање за да се одтргнат мислите од суровоста на студот. Не и за Саудиска Арабија.
Саудијците неодамна прогласија фатва (исламски закон прогласен од екперт по религиозно право) со која се забранува оваа забавна активност.
„Од сега не е дозволено да се прави статуа од снег, дури и ако е преку игра и забава“, прогласи познатиот и почитуван саудиски свештеник Шеик Мохамед Салех Ал-Мунаџид. Тој објаснува дека правењето на „Снешко“ или снежни животни е анти-исламски чин и е незрела имитација на она што го прават на Западот.
Многу од Саудијците, особено оние што живеат во северниот дел на земјата, каде што паѓа многу снег, уживаа во правењето на Снешковци, но и снежни камили секоја зима. Сеедно, како што објаснува свештеникот, „Бог им дал на луѓето простор за да направат се што сакаат што не поседува душа, вклучувајќи дрвја, бродови, овошје, згради итн.“, па оттаму и забраната. Правењето на снежни модели на предмети „без душа“, како куќи и замоци, останува дозволено.
Реакциите меѓу Саудијците, барем на социјалните мрежи, вариират. Еден блогер напиша: „Имаме снег само неколку дена, па дури и часови, и секогаш постои некој што сака да не ограби од радоста и забавата“. Други пак, ја поддржаа одлуката, а еден од нив изјави и дека правењето Снешко „промовира страст и еротицизам“.