Замрзнатата месечина на Сатурн, Реја, има атмосфера составена од кислород и јаглерод диоксид, слична на земјината. Уште подобра вест е фактот што јаглерод диоксидот во атмосферата наведува кон заклучок дека таму има живот, и дека луѓето би можле да го дишат воздухот.
Изгледа дека, спротивно на претходните претпоставки, кислородот е позастапен елемент, особено на месечини кои изгледаат како да се комплетно замрзнати. Неодамна беа откриени докази за кислород на јупитеровите месечини Ганимед и Еуропа, а сега и ова откритие на Реја. Всушност поради присуството на кислород во околината на прстените на Сатурн, научниците веруваат дека уште неколку од замрзнатите месечини на овој џин би можеле да имаат сопствена атмосфера.
Според нови податоци од сондата Касини, постојаното хемиско растварање на замрзната вода на површината на Реја ја одржува ретката атмосфера на месечината. Најверојатно улога во овој процес има и огромната магнетосфера на Сатурн која постојано ја озрачува замрзнатата вода. Научниците веруваат дека голем дел од кислородот на Реја во моментов не е слободен, туку е заробен во замрзнатите океани на месечината.
Иако присуството на кислород не е тешко за разбирање, јаглерод диоксидот е далеку поинтересен за научниците. Овој гас најверојатно е создаден од реакции помеѓу органски молекули и оксиданти од површината на месечината. Тоа многу потсетува на Земјата од пред неколку милијарди години. Ова откритие е само уште еден доказ дека основните елементи за живот се наоѓаат низ целиот сончев систем, и покрај тоа што само на Земјата условите биле идеални за развој на живот. [Saturn’s moon Rhea may have a breathable atmosphere]