„Појавувањето на исказот на Камчев и тоа само првата страна има за цел аферата да не СПЛАСНЕ, ДА НЕ ИЗДИШЕ КАКО ИЗДИШАН БАЛОН!!!“, пишува новинарот, а воедно и основач и сопственик на „Мактел.мк“ – Саше Ивановски алијас Политико, во својата денешна колумна за „Мактел.мк“.
„Оваа афера мора да се стави на ИНФУЗИЈА за да се клати како франкештајн со недели и месеци за народот да заборави на гасоводите, на автопатите, на растот на платите, на растот на социјалната помош, на влезот во НАТО, на новите булевари во Скопје, на новите градинки, школи, водоводи, колектори…
Немој да мислите дека причината е што Инфомакс се обиде смешно и комично да го инволвира СДСМ и пола влада во аферата, тоа е дури штетно за каузата МАФИЈАШКА И ВМРОВСКА затоа што обидот беше комичен и беден па со тоа и Инфомакс и опозицијата беа избрукани и изгубија на кредибилитет, токму затоа и му се падна на гревот од Инфомакс да ја заврши таа работа, не сакале тоа да го прават ниту Геро нити Момировски“… Целата колумна прочитајте ја ТУКА.