Саша Ковачевиќ ги спои убавото со корисното

Еден од најпопуларните пејачи на помладата генерација, Саша Ковачевиќ, моментално престојува на Тајланд, каде се одмара и работи.
Како што дознава српскиот „Blic“, Ковачевиќ на Тајланд ќе сними спот за својата нова песна, а покрај Тајланд, наводно е во план и екранизација на една песна во Дубаи, како и во Црна Гора.

Иако неодамна се врати од Тајланд каде летуваше со својата девојка Јована и братот Раде, тој ги собрал соработниците и повторно отпатувал на ова рајско место. Со себе, освен снимателите, и целата екипа за изработка на високобуџетен спот, повторно ја земал девојката Јована Јочиќ и постариот брат.

Инспириран од природните убавини и културните знаменитости Саша и Раде одлучиле да снимат спотови во близина на прекрасните древни храмови во земјата.

- Реклама -