S.A.R.S. вечер во клуб Хавана

skopje1.jpg S.A.R.S. или Sveze Amputirana Ruka Satriania е основан во март 2006 год. Моментално составот го сочинуваат
осум членови кои потекнуваат од различни Белградски бендови. Основната
идеа на S.A.R.S. е да на публиката која е заситена од едноличност и
монотонија, со настапите им пружи искреност, позитивност и добра
забава. Тоа се чувствува во песните кои зборуваат за љубов, сонови, за
крајните граници на свеста, осознавање на животот и светот онаков каков
во суштина е.


S.A.R.S. или Sveze Amputirana Ruka Satriania е основан во март 2006 год. Моментално составот го сочинуваат
осум членови кои потекнуваат од различни Белградски бендови. Основната
идеа на S.A.R.S. е да на публиката која е заситена од едноличност и
монотонија, со настапите им пружи искреност, позитивност и добра
забава. Тоа се чувствува во песните кои зборуваат за љубов, сонови, за
крајните граници на свеста, осознавање на животот и светот онаков каков
во суштина е.

Од основањето до денес бендот има компонирано преку десетина песни од кои е " Budjav Lebac" која во текот на летната сезона стана нивен најголем хит. Деби албумот е издаден за ПГП-РТС , продуцент на албумот е Wikluh Sky (bad copy), и анимиран спот за "Budjav Lebac" во режија на Алекса Гајиќ. Hа албумот покрај наведениот сингл се наоѓаат уште десет песни плус bonus track remix "lebca" од познатиот Dj Rahmanee.

{youtube}a4LgL5bK4_0{/youtube}

повеќе на нивниот мајспеjс – myspace.com/sarsrokanje

Како предгрупа,  вечерта ке ја збогати македонската реге група КАНОН, која како бенд функционира од  2001 година. По многу промени сегашната постава брои десет члена во состав од две гитари, бас, вокал,  два женски пратечки вокали, тапани,  дувачка секција труба и тромбон, и перкусии. Оваа пролет излегува нивниот прв албум  “ Глобално засмејување “. На публиката им се познати од многубројните настапи во државава и надвор од неа. Имаат настапувано на фестивалот  Таксират 2007год., предгрупа на повеке странски групи,  настапи на повекето локални фестивали, а во последено време настапуваат по скопските клубови.

 
По завршувањето на концертот , свој настап ке имаат и познатите Dj-и :

Mastrafizam Sound System, Charli и Slave. Овие Dj-и ке се престават со различна музика (хип-хоп, реге, d’n’b, gypsy, funky, rock)


Клуб Хавана  28.04.2009  почеток : 22:00  –  04:00h
skopje.jpg
- Реклама -