Кошаркарите на Шарлот Бобкетс го доживеаја најтешкиот пораз во историјата на НБА, откако загубија од Оклахома со 114:69.
На полувремето беше 62:24, што дефинитивно го најави овој дебакл, а тоа беше втора најголема разлика по 24 минути игра, по 1991 година кога Голден Стејт имаше водство од 47 поени разлика на полувремето против Сакраменто.
Кевин Дурент со 18 поени ја предводеше Оклахома Сити на овој дуел, а уште петмина кошаркари уфрлија двоцифрен број кошеви во победничкиот табор. Во тимот на Шарлот Бобкетс, единствено Џефери Тејлор постигна десет поени, сите останати се задржаа под оваа бројка.
Сан Антонио немаше милост кон Вашингтон и им го нанесе 12 пораз оваа сезона, а лоша вечер имаше Блејк Грифин кој постигна најмалку кошеви во досегашната кариера (само 4), што им овозможи на Њу Орлеанс да прослават победа на гостувањето кај ЛА Клиперс.