Саркози обвинет за нелегално финансирање од Либија за кампањата во 2007

Саркози обвинет за нелегално финансирање од Либија за кампањата во 2007
Поранешниот француски претседател Никола Саркози е обвинет ноќеска во рамки на истрагата за либиското финансирање на неговата изборна кампања за претседателските избори во 2007 година, јавуваат француски судски извори.

Саркози, кој ги негира обвинувањата, е обвинет за „пасивна корупција, нелегално финансирање изборна кампања и затајување либиски јавни средства“, прецизирал изворот а пренесуваат светските агенции.

Притворот на поранешниот француски претседател, кој му беше одреден вчера, заврши денес попладне по вкупно 26 часа.

Правосудната истрага почна во 2013, откако интернет порталот Мадијапарт објави тврдења дека режимот на либискиот лидер Моамер Гадафи ја кофинансирал кампањата на Саркози во 2007, со околу 50 милиони евра.

Прочитајте и:  „Фигаро“ ја повлече веста дека Франција и Велика Британија и дозволиле на Украина да нападне длабоко на територијата на Русија

Саркози постојано ги негира тврдењата за незаконско финансирање на кампањата и ги отфрли тврдењата за либиското финансирање како „гротескни“.

Саркози беше претседател од 2007 до 2012 година. На почетокот на својот претседателски мандат во 2007 во Париз во државничка посета го прими Гадафи.

- Реклама -