Истражувања од последните години докажаа дека сарказмот не прави покреативни. Тогаш меѓу непроменливите клишеа на позитивната психологија, не е лошо од време на време да пиеме по една чаша ладна иронија – за здравје.
Секогаш се сеќавам дека беше единствен. Исто како и сите други.
Не треба да бегаш од снајперист, само ќе умреш повеќе уморен.
Ако мислите дека на никого не му е гајле за вас, обидете се да не платите две рати од лизингот на автомобилот.
Сите луѓе изгледаат нормални, пред да ги запознаете подобро.
Најбрзиот начин да си ги удвоите парите е: да ги искинете на две и повторно да ги ставите во џебот.
Постојат две теории за тоа како да спориш со жена. Ниту една од нив не работи.
Најопшто кажано, не можеш да научиш нешто додека усните ти се движат.
Никогаш не пропуштај пријатен момент да замолчиш.