Актерката Сара Џесика Паркер која ја толкува улогата на Кери Бредшо и која успеа од брендот „Manolo Blahnik“ да направи урбана легенда, веќе нема да ја гледаме во високи потпетици.
Иако Сара нема намера да ја прекине својата врска со модата, сепак, таа открива дека љубовта кон штиклите трајно и ги уништила стапалата.
„Повеќе од десет години трчав во штикли“ изјавила таа за магазинот „Net-a-Porter“. „Работев и по 18 часа дневно без да ги соблечам. Носев прекрасни чевли и никогаш нема да жалам поради тоа.“
Сара открила и дека поради неквалитетните обувки кои имала прилика да ги носи, таа неколку пати го шинала и зглобот.
„Одев во пластика наместо во кожа. Кога отидов на доктор, ми кажаа дека моите стапала не изгледаат нормално. „Оваа коска, вие самите сте ја направиле ваква, бидејќи таа тука не припаѓа“ ми рекоа.“
Миленичката на модните дизајнери која во моментов ја врши функцијата амбасадор на UNICEF, признава дека љубовта кон модата им ја пренела и на своите ќерки, и дека во најголемиот број на случаи не можат да ја изосат целата облека која ја поседуваат.
„Носам само 7% од тоа што го поседувам во плакарот. Иам повеќе пантолони и џинс од што можете да си замислите“, изјавила Сара.