Санација на помошни објекти на комплексот „Робевци“ во Охрид

Со средства обезбедени преку програмата на Министерството за култура за реализација на проекти од заштитата се спроведува реконструкција и адаптација на помошен објект до Магазата што е во склоп на музејскиот комплекс „Куќата на Робевци“ во Охрид.

Отпочнати се зафати за промена на кровот и кровниот покривач, промена на оштетените греди и нивно појачување, а поставен е и нов под од гранитни плочи.

На објектот ќе се работи и наредниот приод односно ќе бидат санирани внатрешните ѕидни платна како и промена на надворешнта столарија и освежување на фасадата во бела боја.

Реконструкцијата е во насока на подобрување на функционалоста на помошниот објект што служи како депо на археолошки наоди.

- Реклама -