Самсунг го претстави концептот за паметен велосипед

Во изминатите неколку години сѐ повеќе се зголемува бројот на технолошки иновации кои во своето име го содржат зборот „паметен“, а последен од низата примери е паметниот велосипед на Самсунг.

Samsung Smart Bike е резултат на работата на двајца таленти: Џовани Пелицоли, светски познатиот произведувач на рамови за велосипеди, и младиот студент од Акеадемијата на Самсунг Аличе Биоти.

Велосипедот би требало да работи во тандем со паметниот телефон на корисникот. Самсунг не ја пропушти можноста за спојување на мобилниот телефон со велосипедот, па вгради посебно место на воланот на кое телефонот би требало да стои. Опремен е со ласери, камера на задната страна, GPS и матична плоча Arduino која ги спојува сите вградени компоненти во совршен технолошки велосипед.

Зраците на ласерот го „заокружуваат“ велоспедот и на другите им даваат знак дека се наоѓате на патот, со надеж дека останатите учесници во сообраќајот ќе го одржуваат потребното растојание. Задната камера, пак, служи како ретровизор, за возачот да може да гледа што се случува зад него. Доволно е да се погледне во мобилниот телефон и во секој момент можете да бидете свесни за евентуалната проблематична и опасна ситуација. GPS системот би требало да ги препознава вашите омилени рути, да ве известува за велосипедските патеки во близина, со употреба на посебна мобилна апликација.

Сега за сега, велосипедот е само проект, а од Самсунг велат дека дополнително ќе работат на збогатување и развивање на можностите што ги нуди паметниот велосипед.

- Реклама -