Во неделата, во Лос Анџелес се одржа годинешната филмска церемонија за наградите Оскар, која освен со возбудата околу доделувањето на овие престижни филмски награди ќе се памети и со спектакуларното деби на Samsung Galaxy S5.
Јужнокорејската компанија, како еден од главните спонзори на настанот, објави реклама на својот нов модел, а друг модел на Samsung присуствуваше меѓу ѕвездите на црвениот тепих.
Актерката и телевизиска водителка Ellen Degeneres за време на целата церемонија сликаше со својот Samsung Galaxy Note 3, меѓу кои фотографии беше и најпознатото досега селфи кое беше објавено на нејзиниот Twitter профил.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk