Samsung Galaxy S5 ќе има сензор за отпечатоци!

Официјално е потврдено дека Samsung Galaxy S5 ќе има т.н. читач на отпечатоци, како што има и iPhone 5S. Сензорот за отпечатоци на Samsung Galaxy S5 нема да биде вграден на самиот дисплеј, како што се шпекулираше досега.

Сензорот за отпечатоци на Samsung Galaxy S5 е вграден во home копчето, што значи дека Samsung дефинитивно ги задржува физичките копчиња на Galaxy S5. Сензорот ќе работи на мошне едноставен начин – се што треба да направите е да поминете со прстот, од самиот крај до врвот на прстот преку home копчето за да го регистрирате вашиот отпечаток.

Се најавува и дека Samsung ја има имплементирано употребата на отпечатокот низ целиот оперативен систем на начин кој ви овозможува да регистрирате до 8 различни отпечатоци со што секој отпечаток ќе си врши своја функција.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -