Samsung Galaxy S4 е фантастичен со Android 4.3

Како што беше ветено Samsung Galaxy S4 започна да ја добива надградбата за Android 4.3 Jelly Bean. Надградбата на софтверот на Samsung Galaxy S4 со Android 4.3 започна во Германија, што значи дека за брзо време цела Европа ќе ја добие долго очекуваната верзија на Jelly Bean.

Во пакет со надградбата доаѓаат повеќе квалитетни промени како OpenGL 3.0 Support,TRIM, ANT+, Samsung KNOX Implementation, Samsung Wallet, подобрено управување со RAM меморијата и опциите за боите на екранот, како и компатибилност со паметниот часовник Galaxy Gear и уште многу други подобрување на софтверот.

Пред една недела пак, беше пласирана и протечената верзија на официјалниот Firmware за Samsung Galaxy S4, но откако започна доставата на Android 4.3 ќе нема потреба да ескпериментирате со инсталацијата, туку само да се почекате уште малку.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -