Универзитетски професор снимил мали крилести суштества како играат и се забавуваат.
Самовили, мали суштества со крилја, не живеат само во бајките туку и во англиското село Розендел Вели во Ланкашир. Така тврди професорот Џон Хајат (53) и го докажува тоа со овие снимки. Хајат го објавил тоа низ серија фотографии и видео снимка од самовили, кои ги направил изминативе две години.
„Потоа фотографирав и муви и комарци и ги споредив, но никако не изгледаат исто. Нека луѓето самите видат. Советувам да ги погледнете без предрасуди и да поверуваат на своите очи“, вели професорот Хајат.
„Многумина кои ги виделе нив исто така, велат дека самовилите внеле магија во нивните животи и дека постојано можат да бидат со нив“, тврди тој.
Професорот Хајат отворил изложба „Самовили од Розендел“, која ќе биде отворена цела пролет. Неговите самовили се разликуваат од оние од бајките и тој се надева дека ќе успее да го смени ставот на луѓето за овие мали суштества.
„Во животот постојат и почудни работи од самовили, а животот постои насекаде. Не верувам дека тие се просто мала верзија на луѓето, дека одат дома и пијат по чаша чај. И не сугерирам дека имаат посебни моќи. Од искуство знам дека тие едноставно се забавуваат и дека сакаат да играат по сончевите зраци’, вели професорот Хајат.