Истражувачи веруваат дека најпосле успеале да откријат зошто луѓето имаат лажно чувство на оптимизам. Компјутерски симулации покажале дека преголемата самоувереност во сите аспекти на животот често може да ги подобри шансите за победа. Многу години научниците биле поделени околу тоа дали самоувереноста е добра или лоша работа и зошто воопшто постои.
„Нема добро објаснување зошто сме самоуверени, овој нов модел нуди еден тип на еволутивна логика за тоа. Мали се шансите дека се работи за несреќа – можеби сме пресамоуверени со добра причина“ изјавил доктор Доминик Џонсон од Универзитетот од Единбург. Спринтерот Усеин Болт е познат по неговата опуштеност и самоуверен пристап кон настапите, како и најдобриот боксер Мухамед Али.
Но има и предупредување за оние кои мислат дека можат да бидат побрзи од куршум, посилни од локомотива, или дека можат да прескокнуваат високи згради. Позитивното самозалажување исто така може да предизвика проблеми и да води кон носење на грешни одлуки, нереалистични очекувања, опасност и неуспех. Човековата тенденција за преголема самоувереност постои, и покрај илјадници години природна селекција, токму поради оваа причина. Нејзините лоши резултатите би треабало да ги отстранат штетните гени пред неколку генерации.
Доктор Џонсон и истражувачите од Универзитетот од Калифорнија во Сан Диего, користеле математички модел да ги симулираат ефектите на преголемата самоувереност со текот на генерациите. Според студијата, објавена во Nature, преголемата самоувереност често води кон позитивни резултати, сè додека придобивките од конфликтот се доволно големи споредено со цената на натпреварувањето за нив.
Во студијата пишува дека спротивно од ова, луѓето со непристрасни, прецизни претпоставки најчесто поминуваат полошо. Импликациите се дека, преку подолг период, еволутивните принципи на природната селекција најверојатно имале позитивна пристрасност кон преголемата самоувереност, што значи дека некој кој е исполнет со самодоверба би имал повеќе потомци од некој кој е полн со несигурност.
Авторите на студијата ги наведуваат финансиската криза од 2008 и војната во Ирак од 2003 како само два примери за ситуации во кои преголемата самоувереност имала катастрофални последици. „Моделот покажува дека преголемата самоувереност би можела да еволуира во голем број на различни средини, како и ситуациите во кои ќе се соочи со неуспех“ изјавил Џонсон во соопштение. Прашањето сега е како да се наведе човековата преголема самоувереност за искористување на придобивките и истовремено да се избегнат повремените катастрофи. [How overconfidence can improve your chances of success]