Само во Центар: Плаќаш паркинг, гратис добиваш пopно филм (ВИДЕО)

Со малку среќа, корисниците на паркинзите на ПОЦ во Општина Центар можат да начекаат гратис услуга од пунктовите за наплата, и тоа за истите пари.

Еден од среќните добитници синоќа објави видео од новата услуга, испраќајќи порака до сограѓаните: „Бидете одговорни и плаќајте го одговорно вашиот паркинг. Затоа што Јавното претпријатие за паркиралишта на Општина Центар е одговорно. И повеќе од тоа“.

Нема да објаснуваме за што се работи, само ќе посочиме: Фејсбук страната „Путуј Европо“ прогласи ново значење на кратенката ПОЦ – „Пopничи во Општина Центар“.

ПС. Во одговор до медиумите, од ПОЦ се правдаат дека најверојатно се работело за xaкepски нaпaд. Вакви непpиjaтни ситуации ќе бидат избeгнати во иднина, додаваат, кога наплатните пунктови ќе заминат во историјата, а паркинг ќе се плаќа само преку телефон.

 

- Реклама -