Во мислите на Тери Пратчет.
1. Проблемот со тоа да имаш отворена свест, е што луѓето ќе инсистираат да дојдат и да остават по нешто внатре.
2. Запали оган за човекот и за еден ден ќе му биде топло. Запали оган во човекот и ќе му биде топло до крајот на животот.
3. Судбината игра шах. И нема да дознаете пред да биде предоцна дека цело време играла со две кралици.
4. Велат дека малото знаење е лоша работа. Но тоа не е ни половина толку лошо како големата рамнодушност.
5. Светлината мисли дека се движи побрзо од било што друго, но греши. Без разлика колку брзо се движи таа, секогаш открива дека мракот стигнал таму прв и ја чека.
6. Моливот е посилен од мечот, ако мечот е премногу краток, а моливот е добро наострен.
7. Само во соништа сме слободни. Во останатото време имаме потреба од плата.
8. Еволуцијата секогаш ме привлекувала повеќе од библиските приказни. Кој не би сакал да се поистоветува со мајмун пред паднат ангел? За мене исправноста на Дарвин се докажува секојдневно. Замислете – не е потребно многу за да станеме повторно мајмуни.
9. Секој пат вистинската глупост ја победува вештачката интелигенција.
10. Нема смисла да правите нешто, ако некаде нема некој кој би сакал да не го правите.
11. Присуството на оние кои ја бараат вистината, се претпочита пред присуството на оние кои сметаат дека ја откриле.
12. Вистината може да е некаде таму, но лагите се во умот.
13. Немам потреба од луѓе кои се во согласност со границите на возможното.
14. Толку голема вселена и толку малку време.
15. Фантазијата е како вежбање велосипеди за умот. Може и да не те одведе никаде, но ги тренира мускулите кои можат да го сторат тоа.
16. Понекогаш ми се чинеше дека боледувам од две болести – едната беше Алцхајмеровата, а другата – да знам дека имам болест.
17. Мудроста доаѓа со искуството. Искуството често е резултат на недостатокот на мудрост.
18. Животот е како да гледаш филм. Само што ти е чини дека секогаш влегуваш 10 минути по почетокот и нема никој кој ќе ти објасни за што станува збор, па мораш самиот да дојдеш со заклучоците.