Само со предлогот што го нудиме за уставните измени, сигурни сме дека ќе ја истрчаме трката до крај – вели премиерот

Посочи дека она што како држава го очекуваме е да се исполни дадениот збор, даден уште кога се менуваше уставното име дека ќе бидеме членка на НАТО и дека веднаш ги почнуваме преговорите и бидејќи сме пред сите во регионот, во рамки на четири-пет години дека ќе ги завршиме преговорите и ќе бидеме земја членка на ЕУ

Нашиот предлог е следен. Ние сме подготвени во парламентот да ја отпочнеме промената на Уставот и амандманите 37 и 38. И тие ќе станат дека од Уставот. Но, со уставниот закон ќе додадеме дека овие два амандмани ќе станат ефективни кога бугарскиот парламент ќе го ратификува Пристапниот договор во Европската Унија. Само на тој начин сме сигурни дека ќе ја истрчаме трката до крај. Ова го рече премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто за националната Радио-телевизија Косово (РТК), дадено при неговата вчерашна посета на Приштина, зборувајќи за уставните измени и евроинтеграциите на државата.

Од интервјуто на премиерот Христијан Мицкоски за РТК / Фото: Принтскрин

„Тука сме да ја завршиме трката поради иднината на нашите граѓани. Ова што го нудам не е нешто што со симпатија го гледаат нашите граѓани. Заради ова добивам политички куршуми. Но, убеден сум дека тоа е максимумот што во моментот можеме да го направиме, имајќи в предвид Бујар Османи на кое дереџе ја донесе државата со прифаќање на францускиот преедлог“,

рече тој.

Посочи дека она што како држава го очекуваме е да се исполни дадениот збор, даден уште кога се менуваше уставното име дека ќе бидеме членка на НАТО и дека веднаш ги почнуваме преговорите и бидејќи сме пред сите во регионот, во рамки на четири-пет години дека ќе ги завршиме преговорите и ќе бидеме земја членка на ЕУ.

„Знаете кога завршија тие четири-пет години? Минатата година. А, ние уште не ни преговараме. Уште колку пати треба да се самопонижиме, самооткажеме за да добиеме нешто како гаранција дека ќе ја завршиме оваа трка“,

кажа премиерот.

За многу земји членки на ЕУ, додаде Мицкоски, овој предлог е разумен и е основа да се постигне договор.

„За ова не треба ништо парламентите да ратификуваат. За ова треба само да се подаде рака и да се почне процесот. Толку. Разбирам дека има двојни стандарди во светската политика и дека човек треба да се бори, но таа борба барем да биде фер“,

вели тој.

- Реклама -