Хај-тек истражувачкиот оддел на американската војска работи на чип кој ќе работи како компјутер, но внатре во мозокот на луѓето.
Корисниците ќе можат да се приклучат на Интернет со самата помисла за тоа, благодарение на „Kортикалниот модем“, додека екранот на самиот визуелен интерфејс ќе биде дел од нивниот сопствен вид, во стилот на Матрикс.
Направата е дело на „лудото научничко крило“ на армијата на САД – DARPA (Defense Advanced Research Projects Agency), кои веќе стојат зад неколку револуционерни технологии, меѓу кои и предокот на Интернет – The Arpanet, лансиран во 1969-тата.
Краткорочната цел на проектот е развивање на направа со големина од две парички (една врз друга), која би чинела околу 10 долари. Таа направа би овозможила едноставен визуелен дисплеј преку директна врска со визуелниот кортекс, кој би требало да биде сличен со оној на раните LED дигитални часовници.
Сега за сега, се е во фаза на прототип, за кој научниците велат дека е „груб“ и „прост“. Како и да е, ваквото нешто би имало огромни импликации.