Само додадете ги во водата: Три вкусни поткренувачи на метаболизмот

Не е тајна дека пиењето на големи количества вода може да ја држи под котрола телесната тежина, но зошто доколку веќе внимавате на ова, да не отидете и еден чекор понапред? Додавањето на само една од овие три намирници во чаша вода, ќе го поттикне трошењето на калориите и ќе го забрза вашиот метаболизам.

Агруми

lemon-water-02

Со додавањето на лимон или портокал во водата, кои се исклучиво добри извори на витаминот Ц, полесно ќе ги согорите мастите и ќе добиете вишок енергија. Се што треба да направите е да додадете три четири кришки во една чаша вода, и подготвени сте за денот што следува.

Краставици

lime-mint-cucumber-water-recipe

Прочистете се и поттикнете го метаболизмот со пиење на чаша вода со неколку кришки краставица. Таа е кралица на витамините А и Ц, кои ги чистат токсините и го забрзуваат метаболизмот. Додадете неколку кришки краставица во чашата со вода, оставете да отстои, и освежете се со природниот енергетски напиток.

Лута пиперка

hrana-topi-masnoce-naslovnica

Иако лутата вода не звучи примамливо, дадете и шанса. Истражувањата покажуале дека таа го поткренува мошне брзо организмот по нејзиното конзумирање, и дека го задржува чувството на ситост. Со оглед на тоа што нејзиниот вкус не е многу привлечен, измешајте парчиња јагода, боровинки и половина парче лута пиперка во водата. Ќе добиете сладок напиток кој ќе ви помогне во согорувањето на калориите.

- Реклама -