Само 2 состојки и 5 минути – Рецепт за хит сладолед со неверојатен вкус

Бананите и нутелата одлично се комбинираат во овој сладолед, омилен на многумина поради својата едноставност и неверојатен вкус.

Понекогаш помалку е повеќе, исто како во случајот со овa вкусно освежување направено од само две состојки.
За да го направите овој кремаст и вкусен сладолед, потребни ви се само замрзнати зрели банани и Нутела. Исто така, ќе ви биде потребен и блендер кој замрзнатите банани ќе ги претвори во кремаста смеса со генијален вкус.
Кога ќе биде готов, послужете го ова летно уживање веднаш или вратете го сладоледот во замрзнувач и послужете го подоцна во топки.
Состојки:

Четири банани
Четири лажици Нутела

Подготовка:

Излупете ги бананите, исечкајте ги и замрзнете ги. Откако ќе се замрзнат, ставете ги во блендер.
Добиеното замрзнато пире ставете го во сад и додадете ја Нутелата. Добро измешајте додека не добиете изедначена смеса.
Послужете веднаш, доколку ко сакате потврд сладолед, ставете ја смесата во замрзнувач и почекајте неколку часа.

Уживајте во ова брзо и вкусно освежување!

Извор