Сам своја проститутка

bordel

Проститутките од Амстердам започнаа проект што ќе биде прв од овој тип во цела Европа – бордел со кој ќе управуваат самите тие.

Оваа можност идните шефици ја добиваат благодарение на финансиската помош на еден инвестициски фонд.

„Денес сведочиме пресврт во зајакнувањето на положбата на проститутките. Сонот стана јаве“, изјави гласноговорникот на проектот Ричард Бумен.

Борделот ќе ги отвори вратите во мај 2017 и ќе биде првиот во кој проститутките ќе бидат управители и даватели на услуги.

Проституцијата во Холандија е легализирана во 2000 година и сексуалните работнички кои се регистрирани плаќаат данок на приход. Нивните макроа мораат да имаат дозвола за работа и често плаќаат повеќе даночни обврски.

Проектот се состои од четири згради со 14 станови чии прозорци гледаат на славниот црвен кварт во Амстердам и целта е да им овозможи на проститутките да го поправат својот социјален статус со поголеми приходи.

Во Амстердам се регистрирани околу 7.000 проститутки, од кои 75 отсто доаѓаат од сиромашни земји, воглавно од Источна Европа.

- Реклама -