Актерката Лилјана Јаксиќ – Салвета неодамна дозна дека останала бремена на 52 годишна возраст. Оваа вест шокира многумина, па и влеа надеж кај многу жени дека никогаш не е доцна.
Сепак прочуената Салвета од „Курсаџии“ изјави дека е пресреќна и отсекогаш силно верувала дека ќе стане мајка.
„ Јас никогаш не се откажав од мајчинството, ми се случуваше неколку пати да останам бремена, но нешто се случуваше секогаш“.
Актерката веќе се декларира како самохрана мајка:
„ Партнерот се откажа во моментот кога сфати што се случило. Од тогаш секој е по својот пат. Не треба никогаш никој да се присилува на родителство, не го обвинувам, но не го разбирам“.
Идната мајка се уште не го одбрала името за девојчето.