Салвета: Човекот со кого ја имам ќерката не дошол ни да ја види

Актерката Лилјана Јакшиќ, позната како Салвета од хумористичната серија „Курсаџии“ изјавила дека дури ни по два и пол месеци по породувањето таткото на нејзината ќерка Дарија не дошол да го види детето.
Актерката гостувала во емисијата “Magazin in” и зборела како нејзиниот парнтер, веднаш откако дознал дека е бремена си заминал и повеќе не се појавил, па така никогаш ја нема видено својата ќерка која е родена пред два и пол месеци.

– Партнерот се откажа во оној момент кога сфатил дека тоа се случило, односно дека се случува. Од тогаш секој заминал по свој пат. На родителство не треба никој да се присилува, не го обвинувам, но не го ни разбирам- рекла Салвета и додала дека неговото заминување не ѝ причинило никаков проблем затоа што сепак на неа ѝ останало преубаво суштество кое целосно ја исполнува.

- Реклама -