Малкумина ја знаат историјата на кратката анимација „Судбина“ на Дизни, изработена по рецепт на шпанскиот сликар Салвадор Дали.
Проектот меѓу Дизни и Дали започнал да се реализира во 1945 година, но бил прекинат поради финансиски проблеми поврзани со Втората светска војна.
Во 1999 година, внукот на Дизни, Рој Едвард Дизни одлучил да го заживее заборавениот проект. За таа цел, бил создаден нов тим, а биле повикани и 25 аниматори кои требало го “дешифрираат” сложениот дизајн на Дали и Хенч и да му вдахнат живот на легендарниот проект.
Во продолжение издвојте неколку минути за да видите како изгледаат делата на Дали кога се раздвижени.