За летните денови најидеални се салатите. За денеска ви предлагаме да подготвите црвена салата.
Состојки: 500-700г црвена зелка, 100г шунка, 200г тост кашкавал, 100-200г мелени ореви, 400г смрзната пченка, 1 поголем компир, 200г нискокалоричен мајонез, сол, бибер
Подготовка: Компирот исечете го на коцки, варете го десетина минути, во него додатете ја смрзнатата пченка, гответе уште минута-две. Исцедете ги компирите и пченката и измешајте ги со црвената зелка. Додајте ги шунката и кашкавалот исечени на тенки парчиња, мајонезот и мелените ореви. Зачинете ја салатата по вкус и оставете ја да отстои 24 часа пред служењето.
Добар апетит!