Сакате да го проширите дворот на куќата? Сакате нешто оригинално што ќе внесе расположение во вашата градина? Ние ви нудиме решение – поставете голема саксија, од која ќе изгледа како да се излеваат цвеќиња.
Нема ништо комплицирано – потребно е да земете една стара саксија или голем сад што не го користите, ставете го во лежечка положба и пред него засадете цвеќиња во разни нијанси. Освен што изгледа свежо и кул , тоа е и одличен начин да ги рециклирате старите или скршени садови .
Експериментирајте , ништо не губите 🙂