Сакав да пишам нешто убаво,
Сакав да пишам нешто весело,
Сакав да се пишам за гласањето неделава,
За сиот раскош со мирис на нафталин што се вади сѐ поретко и поретко од шкаф,
За сите муабети што сѐ почесто се шепкаат од дома до гласачо место,
За насмевките што стануваат антика,
За сите комбинаторики
Кој ќе победи кој ќе изгуби,
Кој со кого ќе коалицира…
Ама не можам, стварно не можам,
Нешто не ми штима,
Дали е напнатава атмосфера,
Дали е немаштијава,
Дали се тензичниве меѓуетнички односи,
Дали е раздоров меѓу народов,
Емотивна беда,
Простодушност,
Или потреба и страв од незнам што…
Едноставно не ми иде ништо од рака оваа недела!
Не е на арно овој наш душевен немир!
Почивај во мир,
Господине Никола Младенов