Почнаа да се шират гласини дека зомби апокалипсата пристигнала. Американскиот Центар за Контрола на Болести вели дека гласините се смешни, но што знаат тие?
Но, ако сепак сакате да бидете претпазливи тогаш можеби би сакале да поседувате еден од овие безбедни имоти.
Epic Lake Castle – Мајами, Флорида
Цена: 10,9 милиони долари
Овој неверојатно исметричен замок опкружен со езеро е дело на архитектот Чарлс Сигер. Иако замокот нема мост пристапот може да биде ограничен со уништување на единствената патека која води до неа.
Напуштен ракетен силос – Саранак, Њујорк
Цена: 750.000 долари
За имот кој е отпорен на зомби апокалипсата и ќе ја преживее и нуклеарната апокалипса 750.000 долари се многу ниска цена. Сепак, ова е ракетен силос претворен во луксузен дом. Домот е опремен и со сопствена писта но најинтересниот дел е поранешната ракетна контрола која е сместена зад врати од армиран бетон дебели 7,5 сантиметри.
Утврден Имот – Лос Анџелес, Калифорнија
Цена: 5,9 милиони долари
Овој имот е параноичното ремек дело на Ал В. Корби, основач на компанијата SAFE (Strategically Armored & Fortified Environments) која специјализира во создавање луди концепти како ајкули вооружени со ласери, јахти отпорни на ракети, оклопни џипови, панични соби итн. Имотот се наоѓа на заграден приватен рид и има сопствен хелиодром.
East Sister Rock Island – Маратон, Флорида
Цена: 12 милиони долари
Приватен, изолиран остров дизајниран за да биде независен, опремен со ветерници и сончеви панели. Имотот содржи док и хелиодром ако морате да бегате.
Castle Rogue’s Manor – Еурека Спрингс, Аризона
Цена: 1,8 милиони
Масивен и изолиран планински замок кој потенцијално би можел да смести огромно население. Замокот е опремен со чуварски кули и високи структури за набљудување и одбрана.
Модерен Замок – Остин, Тексас
Цена: 5,25 милиони долари
Бетонска фасада и совршен покрив за стрелање. Со површина од 1,6 хектари имотот ќе ви овозможи да прифатите преживеани кои ќе ви помогнат во одбраната и растењето на храна. Имотот има и тунел кој води до приватен док на езерото.
Jamesburg Earth Station – Долина Кармел, Калифорнија
Цена: 3 милиони долари
Поранешна станица за комуникација со сателити од времето на Кенеди. Станицата има антена претворена во хелиодром, сала и генератори. А ако успеете да ја поправите технологијата можеби ќе можете да комуницирате со вонземјани кои ќе дојдат да помогнат.