Сакате риба? Подгответе си извонреден лосос со мед и сенф

Состојки:
(за 4 лица)

4 поголеми филети лосос (600-800 g)
2 лажици маслиново масло
2-3 лажички зачини по желба
1,5 лажица сенф
2 лажици мед

Подготовка:
Филетите лосос ставете ги на плех обложен со хартија за печење. Намачкајте ги со маслиново масло и зачинете ги. Во помал сад измешајте го сенфот и медот, па премачкајте ги филетите со преливот. Печете ги во загреана рерна на 250 степени целзиусови, на највисоко ниво околу 10 минути. Послужете го лососот со свежа салата по ваш избор.
Овој рецепт за лосос со мед и сенф е одличен избор за сите љубители на морска храна кои сакаат да подготват нешто вкусно и здраво за кратко време. Со минимален број на состојки и брза подготовка, добивате хранлив и богат оброк што ќе ги задоволи сите вкусови.

Извор