Сакате да станете шпион? Потребно е само да ја решите оваа загатка

Британската владина служба за комуникација GCHQ, постави необичен оглас за работа во нивниот тим „елитни сајбер шпиони“.

Оној кој ќе открие што значи оваа на изглед случајна низа од зборови, ќе ја добие работата. Тие на својата интернет страна поставиле слика со испишани букви, кои доколку ги решите сте го поминале првиот круг од интервјуа, а вкупно има пет.

Сите заинтересирани имаат 6 недели да ја решат оваа задача, која ја создале вработените во оваа организација.

„Иако на прв поглед е многу тешко, не би требало да претставува проблем за познавачите на оваа техика“, истакна Најџел Смарт, познат криптограф, кој додава дека ова е повеќе решавање на вкрстени зборови, отколку озбилна задача.

- Реклама -