Сакаме тајвански автобус-џунгла!

Возење во автобус, дури и во идеални услови, не е ништо посебно доживување – се качуваш, некое време стоиш или седиш, и на крај се симнуваш. Во „шумскиот автобус“ на Тајпеј е сосема обратното.

Од минатата среда, среќниците од тајванската метропола имаат можност да се возат во градски автобус кој привремено е трансформиран во џунгла. Дело е на флора-дизајнерот и уметник Алфи Лин и веројатно се работи за реклама, ама ни отвори дизна и нас за вакви автобуси.

„Патниците не се туркаат и не брзаат да се симнат, како во обичен автобус“, вели еден музејски работник кој секојдневно го користи. „Се чувствувам како да сум на забава со пријатели“. Се сложуваме; зеленило што те поштедува од сето градско сивило и жежок асфалт е и наша идеја за забава.

- Реклама -