Сакам да знам…

Не ме интересира како заработуваш за живот.
Сакам да знам  што те боли и дали се осмелуваш да сонуваш,  да го претвориш копнежот во реалност.

Не ме интересира твојата возраст.

Сакам да знам дали ќе ризикуваш да помислат дека си будала поради љубовта, соништата и поради авантурата да си жив.

Не ме интересира кои планети се среќаваат со твојата месечина.

Сакам да знам дали си стигнал до сржта на сопствената тага, дали си се отворил од ударите на судбината или си се затворил во себе поради страв од болка! Сакам да знам дали умееш да поднесеш болка – мојата или твојата сопствена, без обиди да ја прикриеш. Сакам да знам дали поднесуваш радост, без разлика дали таа е моја или твоја; ќе можеш ли со налудничав танц во екстазата да се справиш и да не нè предупредуваш да бидеме внимателни, да бидеме реални или да ги запомниме ограничувањата на човечката природа.

Не ме интересира дали е вистинска приказната која ми раскажуваш.

Сакам да знам дали би ги разочарал другите, за да останеш верен на себе; дали ќе се справиш да бидеш обвинет за предавство, за да не ја предадеш сопствената душа.

Прочитајте и:  Совети за здрава и трајна врска

Сакам да знам дали умееш да бидеш верен дали си достоен за доверба.

Сакам да знам умееш ли да ја гледаш убавината, дури и таа да не е убава секој ден, и дали те инспирира Божјото присуство.

Сакам да знам дали умееш да живееш со неуспехот, мој и твој, да застанеш на брегот на езерото и да извикаш кон сребрената месечина: „Да!”

Не ме интересира каде живееш или колку пари имаш.

Не ме интересира кој си и како си стигнал овде.

Сакам да знам дали ќе се исправиш со мене во разбеснетиот оган, без да побегнеш.

Не ме интересира каде, што и со кого си учел.

Сакам да знам каква ти е внатрешната потпора, кога сè друго се распаѓа.

Сакам да знам умееш ли да бидеш сам со себе… Дали навистина ти се допаѓа друштвото во осаменоста …

 

- Реклама -